Хрватска го напаѓа ослабениот Камерун

Бесот кој го чуваат од натпреварот против Бразил, кога беа украдени од јапонскиот арбитар Нишимура, репрезентативците на Хрватска ќе се обидат денеска да го истурат врз селекцијата на Камерун.

И двете репрезентации по лошо ќе го првото коло од групната фаза, но сега „коцкастите” ја имаа улогата на апсолутен фаворит, најмногу поради подобриот квалитет на фудбалерите и поради неиграњето на најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Камерун, Самуел Ето.

Предводникот на „коцкастите”, Нико Ковач потврди дека Лука Модриќ се уште чуствува болка кога е во прашање повреденото стапало, но ќе стисне заби и ќе биде дел од почетниот состав.

„Модриќ се чуствува се подобро и подобро. Ќе биде во комбинација за дуелот против Камерун. Очекувам сосема поинаков натпревар од тој против Бразил. Топката почесто ќе биде во нашите нозе, сакам целосна доминација. Одлично сме подготвени за дуелот против Камерун. Сега ги имам на располагање и услигите на Марио Манџукиќ. Освен што е реализатор, Марио ги мотивира. ги повлекува останатите фудбалери”, изјави пред натпреварот селекторот на Хрватска, Нико Ковач.

Дуелот помеѓу Хрватска и Камерун стартува во 00:00 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.