Хрватска: Гори автобус полн со патници

Автобус полн со патници утрово се запалил на автопатот Загреб – Ријека во Хрватска. Како што јавуваат локалните медиуми, за среќа патниците успеале веднаш да излезат од автобусот и никој не е повреден.

Пожарот избил во задниот дел на автобусот па се претпоставува дека станува збор за дефект во моторот.

На местото веднаш дошле пожарникари кои спречиле ширење на пожарот

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.