Хрватска и Данска, Франција и Шпанија во 1/2 финалето на ЕП

Познати се сите полуфиналисти на Европското првенство во ракомет во Данска. Најтежок пат до полуфиналето имаше селкцијата на Хрватска, која во последниот натпревар од втората фаза во Група 2 ја совлада Полска со 31:28.

Хрватите во полуфиналето ќе ги одмерат силите со селкцијата на домаќинот Данска. Данците се без пораз на првенството, а во последниот меч од главната фаза го совладаа Исланд со 32:23.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат двократниот европски шампион Франција и актуелниот светски шампион, селкцијата на Шпанија.

Полуфиналните натпревари се играат утре, а први ќе стартуваат Франција и Шпанија (18.30), додека Данска и Хрватска ќе играат во терминот од 21 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.