Хрватска: Им влетал со камион во спалната

Во сообраќајна несреќа при судар на камион и автомобил во Питомача, камионот од силниот удар одлетал и се забил во куќа на улицата „Браќа Радиќ“.

Камионот директно влетал во спалната соба на 75-годишна жена. Таа во моментот била сама дома, кога го слушнала ударот се преплашила и се онесвестила.

Жената била пренесена во болница, но по укажаната лекарска помош била пуштена дома.

1hr500