Хрватска искористила 97 отсто од средставта од Шенген инструментот

шенген

Според хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. од расположливите 120 милиони евра наменети за исполнување на критериумите за членство на Хрватска во Шенген зоната, земјата досега искористила 97,33 проценти.

Нагласувајќи дека членството во Шенген зоната останува стратешка цел на Хрватска, Пленковиќ нагласи дека пред истекот на крајниот рок за користење на овие средства, земјата успеала да употреби 116,79 милиони евра за реализација на проекти наменети за исполнување на критериумите за прием во зоната на слободно движење на ЕУ.

– Подобри од Хрватска во искористеноста на овие средства беа само Словачка, Летонија и Литванија, потенцира Пленковиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.