Хрватска избира нов Сабор

Хрватска избира нов Сабор
Хрватска избира нов Сабор

Во Хрватска утринава во седум часот беа отворени избирачките места за изборите на кои избирачите ќе одлучат за новиот состав на Хрватскиот сабор, а кои во јавноста се оценуваат како најнеизвесни, јави Танјуг.

Се смета дека мала е веројатноста дека било која од двете највлијателни партии на власта и опозиција, СДП И ХДЗ, ќе успеат да освојат мнозинство доволно за формирање влада.

Гласачките места ќе бидат отворени до 19 часот, додека во странство денеска се гласа втор ден, а вкупно се отворени речиси 7.000 избирачки места, пренесе Хина.

Бидејќи ниту СДП, ниту ХДЗ веројатно нема да го освојат потребното мнозинство, „тасот на вагата“ што ќе пресуди би можел да бидат трите или четири српски гласови.

Ова се осми парламентарни избори во Хрватска од 1990 година, но се први на кои гласачите ќе можат да го искористат својот преферцијален глас, односно покрај што ќе гласаат за кандидатската листа, на неа ќе можат да заокружат и име на кандидат на кој му даваат предност да биде избран за пратеник, меѓу сите останати предложени кандидати. Согласно ова правило кандидатот од една листа кој ќе освои најмалку десет проценти од гласовите има предност при добивањето пратенички мандат, пред останатите од листата независно на кое место се наоѓа.

Хрватските гласачи треба да изберат 151 пратеник во десет изборни единици во земјата, на кои ќе им се приклучат уште тројца пратеници од дијаспората и осуммина народни избраници на националните малцинства, кои се избираат во посебна изборна единица.

Изборната кампања мина во традиционалните обвинувања меѓу левицата и десницата, чии несогласувања потекнуваат од бурното и често пати крваво минато на земјата, чии трагови се видливи до денешен ден.

Поделбата меѓу Хрватите на „партизани“ и „усташи“ води корени од периодот на Втората светска војна и постоењето на усташката Независна Држава Хрватска (НДХ). Остатоците од оваа поделба продолжуваат и денес, при што многумина екстремни десничари и националисти во земјата не сакаат да се дистанцираат од наследството на НДХ, туку напротив отворено кокетираат со него.

Во последната недела пред изборите хрватскиот премиер и лидер на Социјалдемократската партија (СДП), Зоран Милановиќ го обвини својот главен ривал, првиот човек на конзервативната Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Томислав Карамарко за „здружување со црнокошулашите“, алудирајќи на лидерот на десничарскиот Хрватски демократски сојуз на Славонија и барања (ХДССБ), Бранимир Главаш, кој на еден предизборен собир минатиот месец заедно со неговите најблиски соработници се појавија облечени во црни униформи карактеристични за усташкото движење.

Втора тема која беше експлоатирана во текот на пре