Балкан

Хрватска ќе добие помош од над 16 милиони евра за бегалците

Хрватска ќе добие помош од над 16 милиони евра за бегалците
Виена: Министерска конференција за бегалската криза

Европската комисија одобри на  Хрватска 16,43 милиони евра итна помош за подобрување на состојбата на терен поради големиот бран бегалци во земјата.

– Со оваа одлука продолжуваме со поддршка на земјите членки соочени со зголемен број азиланти и мигранти. Ставаме на хрватските власти на располагање 16,43 милиони евра за подобрување на управувањето со границите и соочување со големиот бран државјани на трети земји, изјави еврокомесарот за внатрешни работи и миграција Димитрис Аврампоулос, се наведува во соопштението на ЕК.

Од 16,43 милиони евра, 3,99 се од фондот за внатрешна безбедност, а 12,43 милиони од фондот за азил, миграција и интеграција, наведува Хина.

Овие средства ќе се користат за финансирање на мерки преземени по 16 септември, со цел зголемување на надзорот на полицијата на хрватско-српската граница за подобро управување, како и за подобрување на условите во привремените прифатни центри.

Задно со овие 16,43 милиони евра итна помош, Хрватска од овие два фонда ќе добие и редовни средства наменети за периодот 2014-2020 година.

ЕК претходно одобри пакет итна помош и за Словенија во висина од 10,17 милиони евра.