Балкан

Хрватска ќе го испорача Исмаил Морина на Србија

Хрватска ќе го испорача Исмаил Морина на Србија

Врховниот суд на Хрватска ја потврди првостепената пресуда на судот во Дубровник, со што е утврдено дека се исполнети сите услови за екстрадирање на Исмаил Морина во Србија. Неговиот адвокат веднаш поднел нова жалба за одлуката.

Конечната одлука за случајот треба да ја донесе хрватскиот министер за правда.

Српските власти побараа екстрадицијата, бидејќи во 2014 година Морина пушти дрон со знамето на Голема Албанија на натпревар на националните тимови на Албанија и Србија во Белград.

Србија го обвинува Морина за „предизвикување на религиозна, расна и национална омраза“.

Морина беше уапсен во Хрватска во јуни по барање на српските власти.