Балкан

Хрватска ќе ја затвори границата со Србија ако влезат нови 8.000 мигранти во еден ден

Хрватска ќе ја затвори границата со Србија ако влезат нови 8.000 мигранти во еден ден
Хрватска ќе ја затвори границата со Србија ако влезат нови 8.000 мигранти во еден ден

Хрватска ќе ја затвори границата со Србија доколку повторно 8.000 мигранти влезат во земјата за еден ден, предупреди денеска хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остоиќ.

Тој нагласи дека најновата земја-членка на ЕУ нема капацитет да прифати повеќе луѓе.

Околу 9.000 мигранти пристигнаа во Хрватска од вчера рано изутрина, откако Унгарија ја затвори својата граница со Србија.

Во меѓувреме, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ја обвини Хрватска дека ги испраќа мигрантите кон Унгарија и Словенија и според него таа не е подготвена за во Шенген зоната.