Хрватска ќе добие космодром

Хрватска наскоро ќе се здобие со првиот космодром и со база за производство на компоненти за системи за лансирање сателити. Тоа го соопшти швајцарската фирма Суис Спејс Системс која веќе отвори филијала во Хрватска, објави МИА.

Компанијата соопшти дека со работењето ќе обезбеди многу нови работни места за изградба на космодромот што треба да биде завршен до 2020 година.

Предвидено е космодоромот да се користи за лансирање сателити и за суборбитални патнички летови. Освен производствена дејност хрватската филијала во соработка со локални универзитети и центри за истражување ќе игра важна улога во тестирањето аеровселенски технологии во областа на мали сателити.

– Освен тоа предвидено е и формирање хрватска вселенска агенција, наведува Слаѓан Зовко директор на хрватската филијала на Суис Спејс Системс.