Хрватска ќе добие луксузно одмаралиште за богати пензионери

Наскоро во Хрватска ќе се отвори првото одмаралиште за богати пензионери. Одмаралиштето се наоѓа во непосредна близина на брегот и центарот на Цриквеница.
Во луксузни услови ќе уживаат 120 станари кои ќе одлучат дали ќе купат или ќе изнајмат еден од апартманите.

Во ресортот ќе можат да престојуваат и пензионери од други земји, за кои би било идеално половина година да бидат дома, а половина во Хрватска, пишува хрватски Лидерпрес.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.