Хрватска ќе добие прва „етичка банка“

Загрепското Здружение за етичко финасирање, кое брои 164 члена, најави дека во текот на следната година планира да ја отвори првата „етичка банка“ во Хрватска.

Претседателот на Здружението, Горан Јерас најави дека сопственици на оваа банка ќе бидат сите нејзини клиенти и дека каматите на кредитите ќе се движат од еден од четири отсто.

Јерас соопшти дека следниот месец Здружението ќе поднесе барање до Хрватската народна банка за издавање дозвила за работа на „етичката банка“, за што е потребен минимален основачки капитал од 40 милиони куни (5,2 милиони евра), додавајќи дека очекува оваа нова финансиска институција да започне со работа кон средината на 2015 година.

– Целта на работењето на етичката банка е враќање кон корените на банкарството, односно кон развојот на реалната економија. Таа би работела по принципот „еден член – еден глас“, што би знчело дека клиентите се воедно и косопственици. Секој клиент на „етичката банка“ ќе мора да уплади влог од 2.500 куни за физички лица, додека правните лица ќе уплаќаат и дополнителен износ, изјави Јерас.

Тој најави дека неговото Здружение од фондовите на ЕУ добило средства за проекти за финансирање на социјалното претприемништво во Хрватска во 2015 година, односно за компании на кои во преден план не им е остварувањето максимален профитот, туку општествените и еколошките ефекти.

По правило средствата во „етичеките банки“ доаѓаат од заштедите на клиентите, кои пак се обезбедени од приходи во реалната економија, со што, според подржувачите на ваквите институции, тие се враќаат кон изворната улога на банките.

Овие банки не прифаѓат „валкани“ пари од илегални активности, како ни средтва од индустриите за оружје, од загадувачите на животната средина и од непознати извори, а не се занимаваат ни со шпекуклации на берзите заради стекнување на краткрочна полза.

Во Европа денес постојат 22 етички банки кои се здружени во Европската федерација на етички и алтернативни банки, формирана во 2001 година во Брисел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.