Хрватска ќе ја учи Украина како да се справи со сепаратистите

Хрватска и предлага на Украина помош во обучување на службите за државна безбедност врз основа на искуството стекнато при враќањето на отцепената од српски сепаратисти хрватска територија, Република Српска Краина, пишува британскиот „Фајненшел тајмс“.

Некои воени аналитичари го поставуваат прашањето како армија како хрватската, чија бројност е две бригади, може да обучува помногуброен и со значително повисоко технолошко ниво одбранбен систем како украинскиот.

Во случај да биде постиган договор за некаква обука, тоа не може да биде обука на сите вооружени сили, ниту подготовка за некаква заедничка операција, наведува британскиот весник.

Европската унија е единствена во поддршката за Украина, а единствен вид на помош што официјален Загреб засега прифати е прием за лекување и рехабилитација во Хрватска на службеници во украинската Национална гарда, повредени за време на антитерористичките операции во Источна Украина, наведува „Фајненшел тајмс“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.