Хрватска: Клиент убил познат адвокат, па се самоубил

Две лица се убиени во адвокатска канцеларија денеска во хрватскиот град Осиек, јави БТА, пренесе МИА. Според првичните информации еден од убиените е познат локален адвокат Влатко Видаковиќ. Тој е убиен од негов клиент, кој потоа се самоубил.

Хрватската телевизија објави дека центарот на Осиек е полн со полиција и членови на специјалните сили. Во тек е истрага на местото на индицентот.

Адвокатската комора на Хрватска денеска изрази загриженост и револт поради убиството на адвокатот Влатко Видаковиќ во неговата канцеларијат во центарот на Осиек.

Според хрватската адвокатска комора Видаковиќ е осмиот убиен адвокат во Хрватска од 1972 година, како и дека од 1993 година досега физички се нападнати 15 адвокати.

фото: 24sata.hr