Хрватска меѓу земјите рекордери во ЕУ според невработеноста

Според најновите статистички податоци од берзата на труд, работа во Хрватска немаат преку 300 илјади лица, а ситуацијата со невработеноста се влошила откако е завршена туристичката сезона.Со оваа бројка од 312 илјади невработени, Хрватска спаѓа во земјите рекордери во ЕУ. За оваа бројка невработени, има 6.071 слободни работни места.

Според најновите податоци на Евростат, во октомври во Хрватска, работа барале 293 илјади лица, а стапката на невработеност била 16 отсто.

Поголема стапка на невработеност имале Грција и Шпанија, а најмала Германија само 4,9 отсто и Австрија 5,1 отсто.