Хрватска месечно одвојува три претседателски плати

Граѓаните на Хрватска во моментот плаќаат тројца претседатели – актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ и двајца поранешни претседатели, Иво Јосиповиќ и Стјепан Месиќ.

Хрватска се најде во таква ситуација откако доскорешниот претседател Јосиповиќ, чиј мандат истече на 18 февруари неочекувано одлучи да го искористи законското право за претседателски надомест. Тој шест месеци ќе добива цела плата од 24.700 куни (3.220 евра) и половина од таа сум во следните шест месеци, доколу во меѓувреме не биде отворено место на Правениот факултет, каде предаваше на катедрата за кривично процесно право пред да стане претседател во 2010 година.

Одлуката на Јосиповиќ наиде на критики од јавноста бидејќи имаше најавено дека ќе се врати на факултет по завршување на мандатот.

Хрватска издвојува за плата и за поранешниот претседател Месиќ, кој беше на функција два мандати од 2000 до 2010 година. Тој на располагање има канцеларија за која од буџетот се одвојуваат 863.000 куни (113.000 евра). Тој има право на доживотно користење на канцеларијата.