Балкан

Хрватска мора да прифати 315 беаглци од Сирија

Хрватска мора да прифати 315 беаглци од Сирија

Хрватска мора да прифати 315 бегалци или 1,58 отсто од вкупно определените 20 илјади лица, кои ЕУ има намера да ги пресели од бегалските логори во Турција и Либан, за да ги распредели по земјите-членки на Унијата, јавија загребските медиуми, пренесе МИА

Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остоиќ изјави дека Хрватска во моментот нема закон за сместување на лица кои бараат азил, но подвлече дека тоа не значи оти земјата нема да се солидаризира со другите членки на ЕУ во оваа химанитарна операција.

Според Остоиќ, за сместувањето на имигрантите треба да расправаат хрватската Влада, како и Европскиот Парламент.

– Тоа не е ниту малку едноставна работа и за неа ќе треба да се договориме, рече Остоиќ.

Пред 1,5 година, Хрватска беше изложена на силен бран бегалци, кои бараа азил во земјата. Околу 45 отсто од нив ја напуштија Хрватска уште пред властите да одлучат за нивниот статус и да им одобрат азилантски престој.

Во оваа земја, најновата членка на ЕУ, постојат посебно уредени центри за илегални имигранти, кои се различна категорија од азилантите.

Министерот Остоиќ открива дека на две локации во Хрватска, се градат нови прифатилишта за имигрантите.