Балкан

Хрватска не ги поддржа истополовите бракови

Хрватска не ги поддржа истополовите бракови

Жителите на Хрватска вчера одржаа референдум за преку кој граѓаните требаше да се изјаснат дали во Уставот бракот треба да се дефинира само како заедница меѓу маж и жена. Според прелиминарните податоци за ваквото дефинирање гласале речиси 66 отсто од гласачите, пишува „Коммерсант“.

Во согласност со референдумот во Уставот на земјата ќе биде поднесена јасна дефиниција за бракот како заедница меѓу маж и жена.

Критичарите резултатот од референдумот го дефинираа како дискриминација на сексуалните малцинства. Левоцентристичката Влада на Хрватска се противеше на забраната.

Противниците на референдумот сметаат дека по промените на уставот на Хрватска ќе дојде до промена и во земји како Белорусија, Полска, Молдавија и Бугарија, каде што политиката на неприфаќање на истополовите бракови добила широка дистрибуција.