Хрватска нема да ја попречи Србија на патот кон ЕУ

Министерката за надворешни и европски работи на Хрватска, Весна Пусиќ демантира дека Хрватска на каков било начин ќе ја попречи Србија на патот кон ЕУ.

– Не сметам дека значењето на Хрватска во ЕУ би се намалило со влегувањето на Србија, туку тоа е и наш безбедносен интерес. Потребно е напредување на сите земји со кои граничиме, согласно стандардите на ЕУ. На тој начин добиваме сигурни и стабилни земји на своите граници и поради тоа ќе и помогнеме на Србија на нејзиниот европски пат.

Во интервјуто за денешни „Вечерње новости“ Пусиќ оцени дека односите меѓу двете земји се добри и коректни.

– Денес постои целосна свест дека треба да покажеме способност во своето соседство дека можеме цивилизирано да функционираме, и единствено така и други, од Европа па натаму, сериозно ќе не сфатат, објасни хрватската министерка.

Таа дополни дека не верува во политиката на љубов и омраза и оти во политиката, во односите меѓу државите, од омразата единствено поопасна е љубовта.

– Тоа многу брзо се претвора во некое чудни и страшни претензии..Без љубов и омраза, туку ефикасно, смета Пусиќ.