Хрватска нема да може да го воведе еврото барем уште 15 години

Поради неисполнување на условите, Хрватска нема да може барем уште 15 години да го воведе еврото, оценува економски аналитичар од загребскиот Економски институ, Жељко Ловринчевиќ.
Хрвтатскито БДП годинава ќе падне на 0,6 отсто, а следната ќе порасне на 0,7 отсто, додека јавниот долг годинава ќе изнесува 70 отсто од БДП.

„Хрватска годишно создава околу пет отсто дефицит од буџетот, а во зависност од стапката на инфлација потребни се минимално три отсто реален раст на БДП за една година, за отплата на каматата,“ изјави Ловринчевиќ.

Тој исто така предвидува дека во претстојниот период, се повеќе ќе расте притисокот на хрватската Централна банка да учествува во репрограмирање на јавниот долг.