Хрватска: Нема повеќе контрола на цената на горивата

Горивата во Хрватска на полноќ ќе поевтинат, а тоа ќе биде последен пат во земјата да дојде до контролирана двонеделна корекција на цената на нафтените деривати.

Како што јавува ХРТ, најпродаваниот бензин во Хрватска, Еуросупер 95, ќе поевтини и ќе чини 1,33 евра, додека еуродизелот според најновата промена ќе чини 1,28 евра.

Правилникот за утврдување на највисоките малопродажни цени на дериватите наскоро ќе биде укинат, а од први јануари нафтените компании сами ќе одлучуваат за цените, без никакви ограничувања.