Хрватска очекува оркански ветар, дожд и снег

Во Хрватска денеска предупредување за опасност од оркански ветар, дожд и снег.

Во внатрешноста на земјата, а на места и долж јадранскиот брег се очекува дожд, а во централните области и снег, проследени со грмотевици во планинските области.

За реонот на полуостровот Истра и северното крајбрежје е прогласено ниво на црвена тревога за опасност поради очекувања за оркански ветар, кој според прогнозите, на моменти ќе достигне до 145 километри на час.

За Загреб и целиот северозападен дел на земјата е прогласен жолт код. Таму се очекува североисточен ветер со брзина до 95 километри на час.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.