Балкан

Хрватска очекува големо невреме

Хрватска очекува големо невреме

Во Хрватска денеска се очекува големо невреме, проследено со обилни врнежи и ветeр, а агенцијата Метеоаларм издаде најсилното, црвено, предупредување за опасност на подрачјето на Лика и Горски Котар.

Во објаснувањето на предупредувањето за опасните временски појави се наведува дека црвената ознака значи исклучително опасно време на големо подрачје и дека во повеќето случаи тоа може да претствува опасност по животите и се можни големи штети, објави порталот Индекс.хр.

Хидрометеоролошкиот завод најави дека дождот и грмотевиците од северен Јадран во текот на денот ќе се прошират на цела Хрватска.

Најсилните врнежи вчера беа забележени на истокот од Истра, околу Лабин, каде за помалку од еден час паднаа 72 сантиметри дожд.

Постепено смирување на врнежите во Хрватска се очекува дури од петок.

МИА