Хрватска: Од листерија починале две бебиња

Во сплитската болница, од листерија починале две предвремено родени бебиња за само две недели.

Лекарите порачале дека нема место за паника бидејќи биле анализирани 700 примероци во лабораторијата во Сплит, но ниту еден не е позитивен.

Но, им порачаа на жените дека во текот на бременоста 20 пати е поголема опасноста да се заболи од листериоза.

Значи, истата жена која е бремена ќе има 20 пати поголеми шанси да ја добие.