Балкан

Хрватска ги отвори сите гранични премини

Хрватска ги отвори сите гранични премини

Хрватска денеска во 17 часот ги отвори сите гранични премини со Србија за возила со српски регистарски ознаки, а одговорот на српската влада се очекува на седницата закажана за 21 чаот вечерва.

Граничните премини Бајаково и Товарник се отворени за целосен сообраќај без никакви ограничувања, соопшти Министерството за внатрешни работи на Хрватска.

Екипа на новинската агенција Танјуг помина прва по деблокадата, преку граничниот премин Товарник.

Во 17 часот е извршена деблокада на границата. Сите автомобили без оглед на регистрациите, можат да влезат во Хрватска, појасни министерот за полиција Ранко Остојиќ.

Тој наведе дека е намален протокот на бегалци кои доаѓаат од правец на Србија, и оти досега во Хрватска влегле 60.000 луѓе, а утрово таа бројка била 58.000.

Хрватска ги отвори сите гранични премини
Хрватска ги отвори сите гранични премини

Претходно, еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан во Белград апелираше на хрватските власти да ја отворат границата.

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ рече дека со соработниците интензивно разговара за тоа денеска или утре да се укинат мерките на границата со Србија, а српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека „оној момент кога Хрватска ќе се откаже од противзаконските мерки, сите работи ќе се вратат во претходната состојба“.

Бегалците од Сирија и од Блискиот исток, што со денови неа привремено сместени на ничија зема помеѓу граничните премини Шид и Товарник, денес преминаа во Хрватска.

Припадниците на хрватската полиција велат дека еден дел од бегалците во текот на денот биле префрлени на територијата на Хрватска, кон границата со Унгарија, а другиот дел на железничката станица во Товарник. Локацијата околу православните гробишта каде има околу 15-тина празни шатори е натрупана со купишта ѓубре како и со други предмети оставени од бегакците.