Хрватска по примерот на Македонија ќе отпишува долгови на социјалците

Хрватската влада на денешната седница ќе расправа за предлог договорот за воведување мерки за ублажување на финанските тешкотии на одредени социјални групи кои се во процедура на присилна наплата на мали парични средства. Владата ќе им го прости дологот до 35.000 куни на најсиромашните граѓани кои немаат ниту пари ниту имот, јави ХРТ.

За носењето на овие мерки владата се раководела исклучиво од социјалните критериуми и со нив ќе бидат опфатен најсиромашниот слој на граѓани, корисници на социјална помош, тие што немаат дополнителна заштеда или имот, примачи на инвалидска пензија и оние кои поради долгот имаат блокирани сметки до година дена. Се поретпоставува дека оваа мерка ќе ја искористат околу 60.000 Хрвати.

Хрватската влада, по примерот на Македонија, во октомври почнала разговори со банките, телефонските оператори и единиците на локалната самоуправа кои имаат должници меѓу најсиромашните граѓани. Банките и градоначалниците биле веднаш спремни да ги простат долговите, а најтврди биле операторите, но на крајот бил постигнат договор и со нив.

Во јуни минатата година, македонските власти донесоа закон за отпис на долговите за социјално ранливите категории.