Хрватска погодена од циклонот Лука

Циклонот Лука ја погоди Хрватска.

Првиот дожд падна вчера попладне во северниот дел на Јадранско Море, за подоцна невремето да ги зафати и западните и централните делови на внатрешноста на земјата.

Дожд со грмежи подоцна ја зафатија и Славонија и северните делови на континетална Хрватска и северниот дел на Далмација.

Невремето предизвика проблеми и во Загреб, каде се регистрирани повеќе интервенции на пожарникарите и на комуналната служба.