Хрватска пред банкрот

Јавниот долг на Хрватска на крајот на јуни изнесувал 224,6 милијарди круни или 29,4 милијарди евра.

Таа сума претсавува 68,4 проценти од бруто домашниот производ.

И покрај тоа што динамиката на растот на јавнот долг е забавена на годишно ниво, стапката на раст сеуште е двоцифрена (13,6 проценти) што е последица на влијанието на базниот период и силното задолжување на државата во втората половина од 2013 година, со цел обезбедување на средства за доспеаните обврски во текот на првата половина од оваа година, се наведува во анализата на „Raiffeisen Bank Austria – RBA“.

Во однос на крајот на 2013 година јавниот долг на Хрватска е зголемен за 4,4 милијарди куни или 2,0 проценти.

Според сегашната методологија (ЕСА95) со проектираниот економски пад од 0,8 проценти аналитичарите очекуваат јавниот долг на крајот на 2014 година да достигне 72 проценти од БДП.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.