Балкан

Хрватска пред ЕУ ја претставува идејата за Пељeшкиот мост

Хрватска пред ЕУ ја претставува идејата за Пељeшкиот мост

Владата на Хрватска пред Европската комисија ќе ја претстави студијата за изградба на Пељeшкиот мост со кој што хрватскиот југ ќе се поврзе со останатиот дел од земјата, јавуваат хрватските медиуми.

Доколку проектот за изградба на овој мост ги задоволи строгите критериуми за финансирање, Европската комисија ќе даде потврден одговор, но пред тоа е потребна детална студија за изводливост, како и претходна студија која што мора да потврди дека овој мост е најдоброто решение за сообраќајно поврзување.

Владата на хрватскиот премиер се надева дека поголемиот дел од средствата потребни за изградба на мостот ќе бидат обезбедени од европските фондови.