Балкан

Хрватска: Се продаваат воените хеликоптери и авиони

Хрватска: Се продаваат воените хеликоптери и авиони

Хрватската агенција Алан, државна компанија за трговија со оружје и воена техника, објави тендер за продажба на хеликоптери и авиони на Хрватските военовоздухопловни сили, пренесе МИА.

Компанијата предлага за продажба седум хеликоптери Ми-24В, произведени во периодот од 1978 до 1987 година, два транспортни авиони Антонов Ан-32Б, произведени во 1991 и 1993 година, и шест тренажни авиони Пилатус РС-9, производство 1986-1993.

Рокот за испраќање писма за намери е 28 јануари, а гаранцијата за учество на тендерот е 15.000 евра. 

ФОТО: forum.keypublishing.com