Хрватска: Се шири пожарот кај Бенковац (ФОТО+ВИДЕО)

Околу Бенковац се затворени сите патишта, а проблеми во гаснењето на пожарот би можеле да направат мински сомнителни подрачја. На одредени подрачја пожарите нашле ампули со фосфор. Критични е и во други места каде што на помош пристигнале и 72 војници, јавува Вијести.хр.

Поради пожарот во околината на Бенковац, кој е најголем пожар оваа година на подрачјето на Задарската жупанија затворен е патот помеѓу Бенковац и Пировац. на влезот на автопатот од Шибеник работниците на автопатот на возачите им велат дека е отворено само до местото Скрадина, меѓутоа на патот со знаци возењето се усмерува кон Сплит пишуваат хрватските медиуми.

Поради големите проблеми со пожарот одредени делови од автопатот А1 се целосно затворени.

-Пожарот е видлив, огромна количина на дим има на островот Хвар, оганот се шири се повеќе со помош на бурата, вели читател за 24сата.хр.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.