Хрватска: Синдикалците се закануваат со штрајк

Синдикалните лидери во Хрватска најавија дека ќе организираат протест пред хрватското Собрание доколку предлог измената на законот за работа ќе се најде на дневен ред на Собранието.

Тие порачуваат дека се подготвени и за генерален штрајк.

Претседателот на Независните хрватски синдикати, Крешимир Север, навел дека синдикалните организации и активисти се подготвени дури и на генерален штрајк.