Хрватска со победата над Норвешка ги сочува шансите за полуфиналето

Ракометната селекција на Хрватска стигна и до втората победа во главната фаза од ЕП откако во саботата вечерта во Арена Загреб славеше над Норвешка со резултат од 32:28.

„Коцкестите“ предводени од поранешниот наш селектор и тренер на Металург, Лино Червар го одиграа можеби најдобриот натпревар на првенствот, водејки од самиот почеток, па се до крајот.

Хрватите цел меч го диктираа темпото, нападот беше одличен, а конечно проработеа и голманите Стевановиќ запиша 14 одбрани.

Прво име во редовите на победничката екипа беше Штрлек кој мечот го заврши со 6 голови, еден помалку од Циндриќ кој на пет наврати ја затресе противничката мрежа.