Хрватска: Судир на пет бродови на Дунав, повеќе лица повредени

Во несреќа која се случила на реката Дунав во Хрватска, во која учествувале пет бродови, повредени се повеќе лица, јавуваат тамошните медиуми.
Брод со австриски регистерски таблички удрил во четири усидрени бродови на хрватската страна на Дунав, пренесуваат хрвартските медиуми, повикувајќи се на извори од Полициската управа.
Несреќата се случила еден час по полноќ.
Повеќе лица се префрлени во болница во Осијек, а полицијата засега нема информации за тежината на нивните повреди.