Хрватска во договор со Словенија има план „Ц“ за бегалците

Хрватска во договор со Словенија има план „Ц“ за бегалците
Хрватска во договор со Словенија има план „Ц“ за бегалците

На одлуката на Унгарија за затворање на границата кон Хрватска, Владата во Загреб ќе одговори со „план Ц“, кој е договорен со Словенија, јави порталот Индекс.

Како што пренесува Танјуг, за постоењето на ваквот план се шпекулираше уште во текот на главниот бран на бегалската криза во Хрватска текот на септември, кој наводно предвидува враќање во Србија на сите бегалци што ќе влезат во земјата од српска територија.

Од друга страна, Индекс тврди дека „планот Ц“ всушност опфаќа превоз на сите бегалци што ќе влезат во Хрватска до словенечката граница.

Претставник на Владата во Загреб за Индекс изјавил дека хрватскиот премиер Зоран Милановиќ е во постојан контакт со неговиот словенечки колега Миро Церар во врска со актуелната состојба со бегалците.

– Хрватската Влада од порано има „план Ц“, кој е договорен со Словенија. Во случај на затворање на границата од страна на Унгарија, Хравстка ќе почне со спроведување на овој план во договор и постојана кординација со Словенија, изјавил истиот извор за загребскиот портал.

Според него, деталите на овој план во текот на денов ќе ги презентира хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Осотјиќ.

Ваквата најава од Загреб следи откако унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска соопшти дека Унгарија од вечерва на полноќ ќе ја затвори границата со Хрватска, со цел да го запре мигрантскиот прилив.

Според Сијарто, Унгарија ќе создаде две транзитени зони на границата со Хрватска, каде ќе бидат примани бегалците што ќе пристигнат до унгарската територија и таму ќе им биде овзоможено да аплицираат за азил.

Со образложение дека сака да го запре приливот на бегалци, на 15 септември Унгарија ја затвори и границата кон Србија, по што имигрантите се упатија кон Хрватска и од таму преминуваа на унгарска територија. Според властите во Будимпешта, за едне месец во Унгарија од Хрватска влегле над 170.000 бегалци.

Одговарајќи на критиките поради затворањето на границата кон Србија, унгарските власти тогаш соопштија дека ја преземаат ваквата мерка со цел „да ги исполнат своите обврски за обезбедување на надворешната граница на ЕУ“.