Хрватска воведува нови ограничувања за влез на мигрантите

Хрватскиот министер за внатрешни работи Влахо Орепиќ изјави дека Хрватска, која е членка на Европската унија, но не и на Шенген зоната, од ноќеска на полноќ вовела нови мерки за ограничување на влезот на мигранти.

Одлуката беше донесена откако од полноќ стапија во сила новите ограничувања на Словенија за влез на мигранти на словенечка територија. Словенија ги прима само оние мигранти, кои изјавуваат дека бараат азил на нејзина територија и оние, кои доаѓаат од хуманитарни причини.

Хуманитарните случаи ќе се разгледуваат секој поединечно, а согласно ограничувањата Словенија при контролата на границите ќе бара приложување валидна виза за ЕУ, пренесува МИА.

Како одговот на словенечките мерки, Србија исто така реши да ги затвори границите со Македонија и со Бугарија за бегалци и за други мигранти, кои немаат валидни визи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.