Хрватска загуби од Сенегал 75-77

По двете победи на стартот од шампионатот, Хрватска денеска во 3.коло на Мундобаскетот во Шпанија неочекувано загуби од репрезентацијата на Сенегал со 75-77 (16-18,16-23,20-18,23-18).

Пресудно за триумфот на африканскиот состав беше првото полувреме кое го добија со девет поени разлика. Во вториот дел „коцкастите“ се обидоа да стигнат до пресврт, но цврстите Сенегалци со силна игра под кошевите не дозволија да им се открадне победата.

Горгуи Диенг со извонредни 27 поени и 8 скока беше носителот на победата на Сенегал, додека во хрватскиот состав се издвои Дарио Шариќ со 15 поени и шест скока. 15 поени имаше и Богдановиќ, додека Томиќ заврши со постигнати 14 поени.

Сенегал во првото коло на Светското првенство загуби со 23 поени разлика од Грција, а во второто славеше против селекцијата на Порторико.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.