Хрватска ќе крене ѕид на границата со Србија

Ако Словенија или Австрија драстично го редуцираат приливот на мигранти, ниту нам не нив преостанува ништо друго освен да го ограничиме бројот на лица што пристигнуваат од Србија. Во тој случај изградбата на оградата би траела неколку недели затоа што на некои делови од границата работите би биле потешки поради природните препреки како што е мочуришното земјиште, вели неименуваниот извор.

Премиерот на Хрватска, Зоран Милановиќ неколку пати порача дека кревањето ѕидови на границата со Србија е „последното меѓу последните решенија“ и дека Хрватска не го сака тоа, затоа што е „погрешно и грдо“.

Тој изјави дека Хрватска ќе продолжи да прима бегалци и да ги упатува понатаму кон Словенија од каде бегалците одат понатаму во земјите од Западна Европа. Милановиќ, сепак, нагласи дека нема да задржува во земјата повеќе луѓе од оние што може да ги прими.

По словенската делумна блокада…