Хрватската контрола на летање се заблагодари на Србија

Хрватската контрола на летање и се заблагодари на Контролата на летање на Србија и Црна Гора (СМАТСА) на професионалната и брза реакција поради тоа што на 30 јули го презеде контролирањето на нивниот воздушен простор, кога поради невремето во Загреб снема струја на радарскиот систем, соопшти денеска СМАТСА.

Тој ден се случи најлошиот инцидент во кратката историја на хрватската контрола на летање, бидејќи дојде до прекин во снабдувањето со струја, што како последица го имаше губењето на радарските слики и фрекфренции на сите позиции.

Хрватска, како што се потсетува во писмото, имала 119 прелети и осум отворени сектори во тие 35 минути, додека Србија од која е побарана помош не го расчистила хрватското небо. Тоа за најголем дел од контролорите биле најгрозни и најшокантни минути во нивните кариери.

Хрватската контрола на лет покрај својата територија контролира и 45 отсто од воздушниот простор на БиХ додека останатите 55 отсто се на СМАТСА.