Хрватската плажа Стинива прогласена за најдобра во Европа за ова лето

Шлажата Стинива на островот Вис во Хрватска е прогласена за најубава европска плажа во изборот на реномираниот сајт „European Best Destinations“.

Овој хрватски бисер со поглед на Јадранското Море зад себе ги остави најпознатите шпански, португалски и грчки плажи.

Во изборот секоја година учествува стручно жири кое креира попис од речиси 300 плажи во најдобрите и најубави европски предели.

stiniva1

Потоа повеќе од 10.000 туристи со своите гласови го одредуваат победникот.