Хрватската претседателка бара отказ од премиерот

За излез на Хрватска од кризата, новоименуваната претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ, предлага премиерот Зоран Милановиќ да си даде оставка, јавуваат хрватските медиуми.

Имено, Милановиќ упатил писмо до претседателката, на што таа му одговара со соопштение во кое стои дека „најконкретен предлог за излез на Хрватска од кризата е оставка на претседателот на Владата“.

Грабар  – Китаровиќ му предложила на Милановиќ заедничка седница на Влада заради тешката економска и социјална состојба во земјата, во телефонски разговор. Таа предложила и тимови од двата кабинети да утврдат дневен ред на седницата, но бидејќи тоа не се случило таа упатува на Уставната можност за дневен ред назаедничка седница.

„Во врска со повикот до претседателот на Владата на Хрватска да подготви конкретни предлози, начин на спроведување и проценка на финансискиот учинок на тие предлози за заедничка седница на Владата, нагласуваме дека претседателката, по темелни анализи и консултации со стопански стручњаци, дојде до заклучок дека најконкретен предлог за излез на Хрватска од кризата  е оставка на претседателот на Владата“, стои во соопштението од Кабинетот на Грабар – Китаровиќ

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.