Хрватската претседателка Грабар-Китаровиќ во посета на Македонија

Само со продолжување на преговорите за името меѓу Македонија и Грција може да се одблокираат евроатланските процеси на земјата по примерот на Словенија и Хрватска, порача денеска претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ на средбата со шефот на државата Иванов.

 

„Отворените прашања, не само што можат, туку и мораат да се решаваат паралелно со евро интеграцијата. Преговорите треба да се интензивираат и многу често во преговарањето се предлагаат предлози од надвор Тие предлози за решение не смеат да бидат наметнати.“ – изјави Колинда Грабар Китаровиќ Претседател на Р. Хрватска.

Претседателот Иванов пак на средбата потенцираше дека само поради спорот со името  Македонија се уште е надвор од вратите на ЕУ и НАТО – алијансата. Сепак не сакаше да ја коментира вчерашната средба во Виена на преговарачките страни и прашањето го упати на адреса на МНР. Иванов вели за сега не е во план да свика лидерска средба на која би се пеглале ставовите околу преговорите за името.

„Од вчерашната средба немаме никакви информации за сето тоа што се разговарало. Лидерска засега не е во план.“ – изјави Ѓорѓе Иванов, претседател на Р. Македонија.