Балкан

Хрватски автобус се преврте во Италија, еден загинат и 14 повредени

Хрватски автобус се преврте во Италија, еден загинат и 14 повредени

Eден лице загина а 14 се повредени откако во италијанската провинција Ферара, се превртел хрватски автобус кој од Загреб требало да пренесе патници во Рим.

Две лица се се потешки повреди и според полицијата лекарите се борат за нивните животи.

Несреќата се случила околу два часот по локално време на 13 километар од автопатот Болоња – Падова, меѓу Ферара и Алтеда.