Хрватски бранител се самозапали за време на протест

Хрватски бранител се самозапали на протестите кои се одржуваат во Загреб. Идентитетот на мажот засега не е познат. Тој се приклучил на демонстрантите, извикал „Да живее Хрватска“, се полил со бензин и се запалил.

При обид да му помогне, бил повреден уште еден бранител. Со тешки изгореници , бранителот  бил префрлен во болница, од каде потврдуваат дека  второто  лице има полесни   изгореници.

Од почетокот на минатата недела штрајкувачите бараат смена на ресорниот министер Предраг Матиќ , на неговата заменичка и на помошникот на министерот, зашто , како што тврдат не направиле ништо за заштита на правата на бранителите од татковинската војна во деведесеттите.