Хрватски хеликоптер избегнал катастрофа при спасувачка мисија во БиХ

Хеликоптер МИ-6 на Хрватската војска за малку избегнал катастрофа во Босна и Херцеговина, додека учествувал во операцијата за санирање на последиците од поплавите и досатавувањето на производи за основни животни потреби на населението во погодените области, пишува порталот „Фактор“.

Пилотот на хеликоптерот забележал дека од леталото излегува чад и принудно го спуштил недалеку од Грачаница.

Локалното население го забележало хеликоптерот кој летал толку ниско што се чинело дека ќе удри во куќите и електричните кабли.

Припадници на Хрватската војска веќе осум дена се во Босна и Херцеговина и со хеликоптери од руско производство МИ-6 се обидуваат да му помогнат на локалното население на релација Љубушки-Шамац-Сараево да се справи со катастрофалните поплави.