Хрватска: Политичари навредувани и исвиркани во Книн за јубилејот на „Бура“

Хрватските граѓани присутни на свеченоста по повод 20 годишнината од воената операција „Бура“ го исвиркале целиот државен врв на Хрватска присутен на свеченоста во Книн, освен оние политичари кои доаѓаат од редовите на партијата ХДЗ, објавува порталот Индекс, пренесува Нетпрес.

– Организацијата е хаотична. Доопуштено им е на присутните граќани да навалат врз политичарите. Се’ изгледа како панаѓур. Се исвиркуваат сите кои не се од ХДЗ, освен Милан Бандиќ, градоначалникот на Загреб. Тој и претседаелот на ХДЗ, Томислав Карамарко, добија громогласен аплауз.

Најобожувана е Колинда Грабар Китаровиќ, претседтаелот на Хрватска. Сите се туркаат да бидат до неа, да ја допрат. Но, освен овие тројца, сите останати политичари се најгрубо исвиркани и навредувани. Во целиот тој хасо, никој не обрнува внимание на воените ветерани, се вели во текстот.

Хрватска денес слави 20 години од воената операција „Бура“, Денот на победата и Денот на хрватските бранители.

Книн, Хрватска-Генералот Анте Готовина присутен на свеченоста
Книн, Хрватска-Генералот Анте Готовина присутен на свеченоста

Со воената операција во 1995 година, Хрватска ја врати контролата врз градот Книн и ја освои територијата на т.н. Република Српска Краина, тогаш новоформирана држава од Србите во тој дел од Хрватска.

Со воената акција „Бура“ Хрватска протера преку 200.000 Срби од овој дел.

Со тоа Хрватска слави победа, додека истовремено Србија обвинува за најголемо етнично чистење на овие простори.