Хрватски МИГ – ови пресретнаа патнички авион

Хрватски МИГ - ови пресретнаа патнички авион

Два борбени авиони на Хрватското воено воздухопловство и противвоздушна одбрана МиГ 21 по наредба на надлежната команда на НАТО (Combined Air Operations Centre – CAOC) извршиле пресретнување на цивилен авион кој влегол во хрватскиот воздушен простор, пишуваaт хрватските медиуми.

Како што пишува Дневник. хр, станувало збор за патнички авион, кој летал од Франкфурт кон југоисточна Европа и не ѝ се пријавил на хрватската контрола на летови, туку на словенечката.

НАТО командата дала наредба за интервенција на противвоздушната одбрана, а авионите веднаш полетале и го пресретнале цивилниот авион во близина на границата со Словенија.

Откако била извршена идентификација, било утврдено дека станувало збор за авион ербас 321 на британската компанија Монарх ерлајнс.

Бидејќи патничкиот авион летал според планот на летот, борбените авиони го испратиле до хрватската граница и се вратиле на аеродромот Плесо.