Хрватскиот јавен долг достигна 77 отсто од БДП

Според најновиот извештај на Евростат, хрватскиот јавен долг на крајот на јуни годинава достигна 252,8 милијарди куни, односно 32,8 милијарди евра, што е 77 отсто од бруто домашниот производ.

Податоците на Евростат покажуваат дека вкупниот јавен долг на Хрватска е зголемен од 75,7 отсто од БДП кон крајот на минатата година, на 77 проценти до крајот на првото полугодие на 2014 година.

Хрватскиот јавен долг од 2010 до 2013 година бележи раст од 77 милијарди куни, односно 23 проценти од БДП.До крајот на годината се очекува јавниот долг на Хрватска да достигне 268,6 милијарди куни, или 81,8 отсто од БДП.

Поголем раст имаат Ирска со 36 проценти, Шпанија и Португалија со по 32 отсто и Словенија со раст на долгот од 33 проценти од БДП.

На ниво на земјите од Еврозоната јавниот долг бележи раст од 84 проценти од БДП во 2010 на 91 отсто од БДП кон крајот на минатата година.