Хрватскиот министер за одбрана не е добродојден во Србија

Хрватскиот министер за одбрана, Дамир Крстичевиќ, не е добредојден во Србија, одлучи денеска српската влада.

Оваа одлука беше донесена како реципрочна мерка, односно како одговор на Хрватска да му забрани влез во Хрватска на министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, но и од фактот дека хрватските власти остана „глуви“ на усташкиот поздрав „За дом спремни“ во Јасеновац, на денот на комеморацијата за жртвите на овој логор .

Српската влада смета дека таквите потези на Хрватска се спротивни на духот на добрососедските соработка и почитувањето на основните европски вредности, која ги вклучува слободата на движење на луѓето, се вели во соопштението на владата.

Од Владата објаснуваат дека Србија останува на определеноста за градење добрососедски односи со Република Хрватска, воздржувајќи се од постапки кои што може да придонесат за нарушување на односите со соседите. Исто така се наведува дека Владата на Србија останува посветена на одржување на мирот и стабилноста во регионот и почитување на европските принципи и вредности, во интерес на сите граѓани на Србија и регионот.