петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 0

Хрватскиот новинар Бродиќ: Се бара смена на ВМРО за да се смени името

direktno-hr-640x572

Последни вести

Цврстиот став на ВМРО-ДПМНЕ за прашањата од национален интерес како што е спорот за името, е причина за почетокот на политичката криза во Македонија, смета хрватскиот новинар и аналитичар Иван Бродиќ, кој неодамна своите ставови ги изрази во анализа за хрватски Директно.хр.

Во разговор за Сител, Бродиќ појаснува дека опозицијата и одредени меѓународни фактори имаат за цел да ја урнат Владата на ВМРО – ДПМНЕ за да дојде до смена на името кое е предмет на деценискиот спор со Грција.

-Веќе долго време следам што се случува поврзано со тие протести и контрапротести, промена на името, блокада на евро-атлантските интеграции и забележав дека постои одредена игра за да се смени ВМРО од власт како би можело да се промени името на државата, а тоа од моја анализа според написите во Македонија, не кореспондира со волјата на мнозинството граѓани. Затоа се одлучив да го напишам тој текст, а дополнително лево-ориентираните новинари се особено вмрежени во регионот, па одлучив да ја дадам другата страна на сторијата, изјави Бродиќ за Сител.

Бродиќ во своите анализи оценува дека манипулациите и конструкциите од спин лабораториите на СДСМ се веќе прочитани, но дека интересот за решавање на името ја одржува политичката криза.

Сепак следејќи ги анкетите, Бродиќ смета дека поддршката на граѓаните ја има ВМРО – ДПМНЕ и дека мнозинството во земјава не сака да им удоволи на грчките националистички барања.

-Тешко е да се постигне нивната цел, за тоа ќе мораат да ја суспендираат демократијата а тоа никому не му е од интерес. Според мерењата на Галуп, ќе се покаже дека ВМРО-ДПМНЕ има речиси дво-третинска поддршка од граѓаните, така што работите не би можело да се одвиваат на тој начин, додава Бродиќ.

Покрај одбраната на националниот интерес, според хрватскиот новинар пресудна за поддршката на граѓаните за ВМРО – ДПМНЕ е и одличната економска политика.

Најчитани вести